Нов Завет

Откровение 1:5-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ воз­љу­би и изми од нашите гревови преку Сво­јата крв

6. и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

7. Ете, иде со облаци, и ќе го види се­кое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

8. Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.

9. Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Пат­мос, заради словото Божјо и заради све­доштвото на Исус.

10. Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,

11. кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти­атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла­одикија!“

12. И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници,

13. а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас;

14. главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;

15. нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води.

16. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Не­го­во светеше како што сонцето сјае во полна сила.

Прочитајте целосна глава Откровение 1