Нов Завет

Откровение 1:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Откровение на Исус Христос, кое Му го даде Бог, за да им го покаже на слугите Свои она што треба да стане скоро. Тој го најави тоа испраќајќи го Својот ангел на слугата Свој Јован,

2. Кој го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исус Христос, и сѐ што виде.

3. Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.

4. Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол,

5. и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ воз­љу­би и изми од нашите гревови преку Сво­јата крв

6. и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

7. Ете, иде со облаци, и ќе го види се­кое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

8. Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.

9. Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Пат­мос, заради словото Божјо и заради све­доштвото на Исус.

10. Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,

11. кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти­атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла­одикија!“

12. И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници,

Прочитајте целосна глава Откровение 1