27. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
28. И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесомачни, кои излегуваа од гробовите; беа толку лоши што никој не можеше да мине по тој пат.
29. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“
30. А далеку од нив пасеше големо крдо свињи.
31. И демоните Го молеа и говореа: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да влеземе во крдоно свињи!“