Нов Завет

Матеј 8:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. И откако пристапи до Исус еден книжник, му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“

21. Друг, пак, од учениците Негови Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“

22. Но Исус му рече: „Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“

23. И кога Тој влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.

Прочитајте целосна глава Матеј 8