Нов Завет

Матеј 7:10-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. и кога ќе посака риба, ќе му даде змија?

11. И така, ако вие кои сте лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?

12. Значи, сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и Пророците.“

13. „Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;

14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат.“

15. „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи.

16. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?

17. Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови;

18. не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.

19. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган.

20. И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“

21. „Не секој што Ми вели: ‚Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата.

22. Мнозина ќе Ми речат во оној ден ‚Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘

Прочитајте целосна глава Матеј 7