Нов Завет

Матеј 7:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Не судете, за да не бидете судени;

2. зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.

3. Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш?

4. Или, како ќе му кажеш на твојот брат: ‚чекај да ти ја извадам раската од окото‘, кога во твоето око има греда?

5. Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!

6. Светото не давајте им го на кучињата, и не фрлајте си ги бисерите пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и, да се вратат, и да ве раскинат.“

7. „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори;

8. зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори.

9. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде камен,

10. и кога ќе посака риба, ќе му даде змија?

Прочитајте целосна глава Матеј 7