Нов Завет

Матеј 4:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари.

19. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“

20. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

21. И откако отиде оттаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика.

Прочитајте целосна глава Матеј 4