Нов Завет

Матеј 28:5-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исуса распнатиот;

6. не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,

7. па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“

8. И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.

9. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, ете, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гушнаа нозете Негови и Му се поклонија.

10. Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“

11. Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.

12. И тие, кога се собраа со старе­ши­ните и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците,

13. велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘

14. и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“

15. А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.

16. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;

17. па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.

Прочитајте целосна глава Матеј 28