Нов Завет

Матеј 28:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.

2. И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;

3. лицето му беше како молња, а облеката – бела како снег;

4. а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.

5. Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исуса распнатиот;

6. не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,

7. па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“

8. И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.

Прочитајте целосна глава Матеј 28