Нов Завет

Матеј 27:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Тој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.

6. Првосвештениците ги собраа сребрениците и рекоа: „Не чини да се стават во касата на храмот, бидејќи се цена за крв.“

7. Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за погребување на странци.

8. Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива.

Прочитајте целосна глава Матеј 27