Нов Завет

Матеј 27:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.

32. На излегување сретнаа еден Ки­ри­неец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.

33. И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница,

34. Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие.

Прочитајте целосна глава Матеј 27