Нов Завет

Матеј 27:22-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“

23. Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“

24. Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“

Прочитајте целосна глава Матеј 27