Нов Завет

Матеј 26:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Зашто тоа миро можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите.“

10. Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене!

11. Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;

12. таа, излевајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погреб.

13. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“

Прочитајте целосна глава Матеј 26