Нов Завет

Матеј 26:72-75 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

72. Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“

73. Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“

74. Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.

75. И се сети Петар на Исусовите зборови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.

Прочитајте целосна глава Матеј 26