Нов Завет

Матеј 26:65-68 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

65. Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење!

66. Што мислите?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“

67. Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите

68. и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“

Прочитајте целосна глава Матеј 26