Нов Завет

Матеј 26:51-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

51. И ете, еден од оние што беа со Исус, протегна рака и го извади ножот свој, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото.

52. Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на неговото место. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;

53. или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?

54. Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“

Прочитајте целосна глава Матеј 26