Нов Завет

Матеј 26:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;

5. но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“

6. А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,

7. Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата.

8. И кога го видоа тоа учениците Негови, негодуваа и рекоа: „Какво е тоа растурање?

9. Зашто тоа миро можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите.“

Прочитајте целосна глава Матеј 26