Нов Завет

Матеј 26:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,

4. и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;

5. но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“

6. А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,

7. Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата.

Прочитајте целосна глава Матеј 26