Нов Завет

Матеј 26:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И кога ги заврши Исус сите овие зборови, им рече на учениците Свои:

2. „Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“

3. Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,

4. и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;

5. но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“

Прочитајте целосна глава Матеј 26