11. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘
12. А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘
13. И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
14. „Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.
16. Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;
17. и исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;
18. а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар.