Нов Завет

Матеј 20:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да изнајми работници за своето лозје.

2. Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое.

3. Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа,

4. им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа.

5. Пак излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто.

Прочитајте целосна глава Матеј 20