Нов Завет

Матеј 18:8-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;

9. и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“

10. „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.

11. Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.

12. Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената?

13. Па, ако ја најде, вистина ви велам, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.

14. Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“

15. „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;

16. ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;

17. ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.“

Прочитајте целосна глава Матеј 18