Нов Завет

Матеј 18:25-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати.

26. Тогаш тој слуга падна и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘

27. А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот.

28. Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми што ми должиш!‘

29. Тогаш неговиот другар падна пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘

30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го исплати долгот.

31. Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се натажија, па откако отидоа, му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.

32. Тогаш господарот негов го повика и му рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив оној долг, зашто ме молеше;

33. не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘

34. И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг.

35. Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на брата си.“

Прочитајте целосна глава Матеј 18