Нов Завет

Матеј 18:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во тој час Му пристапија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“

2. И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив

3. и им рече: „Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:

4. кој, пак, ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно;

5. и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“

Прочитајте целосна глава Матеј 18