Нов Завет

Матеј 17:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“

10. И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

11. Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде претходно и ќе уреди сѐ;

12. но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“

Прочитајте целосна глава Матеј 17