Нов Завет

Матеј 16:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тогаш пристапија фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото.

2. Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘;

3. а наутро: ‚денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и матно.‘ Лицемери, изгледот на небото умеете да го распознавате, а знаците на времињата не можете?

4. Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па, откако ги остави, си замина.

5. И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб.

6. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!“

7. А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“

8. Но Исус ги разбра и им рече: „Маловерни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб?

9. Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и колку кошеви собравте?

10. Ниту за седумте леба на четири илјади души, и колку кошници собравте?

11. Како не разбирате дека не за леб реков: ‚Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!‘“

12. Тогаш разбраа дека Тој им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.

13. И кога дојде Исус во областа на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“

14. Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои Еремија или еден од пророците.“

Прочитајте целосна глава Матеј 16