3. А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4. Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘, и ‚кој злослови против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘.
5. А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е‘,
6. тогаш тој може и да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание!
7. Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8. ‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9. но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.‘“
10. И откако ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!