Нов Завет

Матеј 13:7-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.

8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.

9. Кој има уши да слуша, нека чуе.“

10. И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“

11. А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.

12. Бидејќи, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.

13. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;

14. и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;

15. срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘

16. Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат;

Прочитајте целосна глава Матеј 13