Нов Завет

Матеј 13:19-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа е посеаното покрај патот.

20. А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;

21. но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.

22. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род.

23. А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“

24. И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.

25. Но, додека спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде.

26. А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот.

27. И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘

28. А тој им рече: ‚Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘

Прочитајте целосна глава Матеј 13