Нов Завет

Матеј 11:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. зашто сите Пророци и Законот пророкувале до Јован.

14. И, ако сакате да прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

16. „А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по пазариштата, па им довикуваат на своите другари

17. и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви тажевме и не плачевте.‘

18. Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Ѓаволот е во него.‘

19. Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, и велат: ‚Еве човек јадач и винопиец, пријател на цариниците и грешниците.‘ Но мудроста се оправда преку своите чеда.“

Прочитајте целосна глава Матеј 11