Нов Завет

Матеј 1:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14. Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15. Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16. Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17. И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.

18. А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Светиот Дух.

Прочитајте целосна глава Матеј 1