Нов Завет

Марко 9:8-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус.

9. А кога слегуваа од гората, им за­по­веда никому да не кажуваат што ви­де­ле, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.

10. И го задржаа тој збор во себе, пра­шувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“

11. И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

12. А Тој, пак, одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен.

13. Но ви велам дека и Илија дојде, ка­ко што е напишано за Него, и му на­пра­вија што сакаа.“

14. И кога дојде кај учениците Свои, виде многу народ околу нив и книж­ни­ци, кои се препираа со нив.

15. И штом Го виде, сиот народ се зачуди; и притрчувајќи, Го поз­дра­вуваа.

16. Ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“

17. Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;

18. и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на уче­ниците Твои да го изгонат, но тие не можеа.“

19. А Исус одговори и рече: „О, роде безверен, до кога ќе бидам со вас? До ко­га ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“

20. И кога го доведоа кај Него – штом го виде духот, веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.

21. Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството;

22. и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“

23. А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што ве­рува!“

Прочитајте целосна глава Марко 9