Нов Завет

Марко 9:33-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе патем?“

34. А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе, кој е најголем.

35. Тој седна и ги повика дванаесетмината, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – си­те!“

36. И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37. „Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“

38. Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“

39. А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.

40. Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.

Прочитајте целосна глава Марко 9