Нов Завет

Марко 9:24-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. И одеднаш таткото на момчето из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­по­ди, помогни му на моето неверие!“

25. А Исус, штом виде дека се собра народ, строго му заповеда на нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув. Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“

26. И кога извика, силно го стресе и из­лезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.

27. Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана.

28. И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истера­ме?“

29. И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“

30. И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Тој не сакаше некој да разбере.

31. Зашто ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.

32. Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.

33. И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе патем?“

34. А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе, кој е најголем.

35. Тој седна и ги повика дванаесетмината, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – си­те!“

36. И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37. „Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“

Прочитајте целосна глава Марко 9