5. И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“
6. Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот.
7. Имаа и малку рипчиња; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив.
8. И јадеа, и се наситија; и собраа седум кошници останати парчиња.
9. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.