Нов Завет

Марко 8:3-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени одда­ле­ку.“

4. Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“

5. И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“

6. Тогаш му заповеда на народот да по­седне по земјата; па, откако ги зеде се­думте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот.

7. Имаа и малку рипчиња; ги бла­гослови и заповеда да ги раздадат и нив.

8. И јадеа, и се наситија; и собраа се­дум кошници останати парчиња.

9. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.

10. И веднаш влезе во кораб со уче­ни­ците Свои и дојде во пределите Дал­ман­утски.

11. И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од него знак од небото.

12. А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто овој род бара знак? Вистина ви велам: нема да му се даде знак на овој род.“

13. И кога ги остави, пак влезе во ко­ра­бот и премина на другата страна.

14. А учениците Негови беа заборавиле да ги земат лебовите и немаа со себе во коработ, освен еден леб.

Прочитајте целосна глава Марко 8