Нов Завет

Марко 8:24-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“

25. Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно.

26. И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому рас­ка­жу­вај!“

27. И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“

28. Тие одговорија: „Јован Крс­ти­тел, некои Илија, а други, пак, не­кој од пророците.“

29. Тој, пак, им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одгово­ри и ре­че: „Ти си Христос!“

30. И им заповеда никому да не говорат за Него.

31. Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, прво­свеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и по третиот ден да воскресне.

32. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече насамо и почна да Го одвраќа.

33. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, са­та­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“

34. И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

35. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.

36. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

37. Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

38. Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се сра­ми од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“

Прочитајте целосна глава Марко 8