Нов Завет

Марко 8:21-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. И им рече: „Па како тогаш не раз­бирате?“

22. Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него.

23. И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто.

24. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“

25. Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно.

26. И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому рас­ка­жу­вај!“

27. И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“

28. Тие одговорија: „Јован Крс­ти­тел, некои Илија, а други, пак, не­кој од пророците.“

29. Тој, пак, им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одгово­ри и ре­че: „Ти си Христос!“

30. И им заповеда никому да не говорат за Него.

31. Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, прво­свеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и по третиот ден да воскресне.

32. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече насамо и почна да Го одвраќа.

33. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, са­та­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“

Прочитајте целосна глава Марко 8