Нов Завет

Марко 8:14-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. А учениците Негови беа заборавиле да ги земат лебовите и немаа со себе во коработ, освен еден леб.

15. А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Вни­ма­вајте, чувајте се од квасот фари­сејски и од квасот Иродов!“

16. И си размислуваа меѓу себе, ве­леј­ќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“

17. А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа што немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?

18. Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?

19. Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Два­на­есет.“

20. „А седумте – за четири илјади, кол­ку полни кошници со останати парчиња соб­равте?“ Тие одговорија: „Седум.“

21. И им рече: „Па како тогаш не раз­бирате?“

22. Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него.

23. И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто.

24. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето да одат како дрвја.“

25. Потоа пак ги положи рацете над очите и направи да прогледа. И се излекува и ги гледаше сите јасно.

26. И го испрати во домот негов и му рече: „Ниту в село влегувај, ниту в село некому рас­ка­жу­вај!“

27. И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“

28. Тие одговорија: „Јован Крс­ти­тел, некои Илија, а други, пак, не­кој од пророците.“

29. Тој, пак, им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одгово­ри и ре­че: „Ти си Христос!“

30. И им заповеда никому да не говорат за Него.

Прочитајте целосна глава Марко 8