1. Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:
2. „Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат.
3. Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“
4. Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“
5. И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“
6. Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот.
7. Имаа и малку рипчиња; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив.