Нов Завет

Марко 8:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:

2. „Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат.

3. Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени одда­ле­ку.“

4. Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“

5. И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“

Прочитајте целосна глава Марко 8