Нов Завет

Марко 7:5-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“

6. А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене;

7. но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘

8. Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

9. И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание.

10. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘

11. А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,

12. тогаш не му оставате ве­ќе ништо да стори за својот тат­ко или за својата мајка,

13. укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­ши­те.“

14. И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете:

15. ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.

16. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.

18. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?

19. Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“

20. И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.

Прочитајте целосна глава Марко 7