Нов Завет

Марко 5:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Преминаа отаде море, во Гадарин­ската земја.

2. И кога Тој излезе од коработ, вед­наш Го пресретна од гробовите еден човек со нечист дух.

3. Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе;

4. зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти;

5. и секогаш, ноќе и дење, тој беше во гро­бовите и по ридиштата, викаше и се уди­ра­ше со камења.

6. Штом Го виде Исуса оддалеку, при­трча и Му се поклони.

7. Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“

8. Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“

9. И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многу.“

10. И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.

11. А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи.

12. И Го молеа сите демони и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“

13. И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.

14. А оние, што ги пасеа свињите, по­бегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.

15. И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот во кого имаше легија, како се­ди облечен и со здрав ум; и се упла­шија.

Прочитајте целосна глава Марко 5