Нов Завет

Марко 4:38-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

38. Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“

39. А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, прес­та­н­и!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина.

40. Па им рече: „Што сте толку плаш­ливи? Како немате вера?“

41. И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

Прочитајте целосна глава Марко 4