31. Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;
32. а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите зеленчуци, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат птиците небески.“
33. И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34. И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.
35. Тој ден вечерта им рече: „Да минеме на спротивната страна!“
36. И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив.
37. И се подигна бурен ветер, и брановите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше.
38. Тој, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“
39. А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, престани!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина.
40. Па им рече: „Што сте толку плашливи? Како немате вера?“
41. И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“