Нов Завет

Марко 4:24-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате.

25. Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“

26. Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,

27. па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае.

28. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.

29. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“

30. И говореше: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?

31. Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;

32. а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите зеленчуци, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат пти­ците небески.“

Прочитајте целосна глава Марко 4