Нов Завет

Марко 4:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И пак почна да поучува покрај мо­рето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во мо­рето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.

2. И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:

3. „Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;

4. и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа пти­ци­те небески и го исколваа.

5. Друго падна на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше дла­бо­ка;

6. а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши.

7. Некое падна на трње; и израсна тр­њето, го задуши и не даде плод.

8. А друго падна на добра земја и поч­на да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“

9. И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“

10. А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетмината, Го прашаа за параболата.

11. И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ е во параболи,

12. за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“

Прочитајте целосна глава Марко 4