Нов Завет

Марко 2:19-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;

20. но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат.

21. Никој не крпи нова крпа на стара облека; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.

22. Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“

23. И се случи во саботен ден да ми­нува преку нивјето, и врвејќи, учениците Негови почнаа да кинат класје.

24. А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават во сабота тоа, што не е допуштено?“

25. Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и ог­ладне тој и оние, што беа со него?

26. Како влезе во храмот Божји, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде лебовите на предложението, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“

27. Потоа продолжи: „Саботата е соз­да­дена за човекот, а не човекот за сабо­та­та.

28. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“

Прочитајте целосна глава Марко 2