6. Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7. А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот.
8. Бидејќи ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има и земјотреси и глад и метежи. Тоа е почетокот на страдањата.
9. Но вие чувајте се, зашто ќе ве предаваат на судови; и по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведувани заради Мене, за сведоштво пред нив.
10. И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
11. А кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; туку она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги предадат на смрт.
13. Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
14. „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник, за кого говори пророк Даниил, стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15. и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16. и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17. Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18. Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19. Зашто во тие дни ќе има неволја, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20. И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.