Нов Завет

Марко 13:4-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“

5. Исус, одговарајќи им почна да збо­рува: „Чувајте се да не ве прелаже не­кој!

6. Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.

7. А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот.

8. Бидејќи ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои мес­та ќе има и земјотреси и глад и метежи. Тоа е по­четокот на стра­да­њата.

9. Но вие чувајте се, зашто ќе ве предаваат на судови; и по синагогите ќе ве би­јат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведувани заради Мене, за сведоштво пред нив.

10. И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.

11. А кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; туку она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.

12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги предадат на смрт.

13. Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“

14. „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник, за кого говори пророк Даниил, стои каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по плани­ни­те;

15. и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;

16. и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!

17. Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!

Прочитајте целосна глава Марко 13